Околу седум часот утрово, маж почнал да напаѓа луѓе со мачета во североисточен Лондон. Пред тоа со автомобилот удрил во куќа. Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица биле избодени со нож и пренесени во болници. Меѓу нападнатите наводно имало и двајца полицајци.
– Денеска околу 7 часот добивме пријава дека возило удрило во куќа во областа Тарлоу Гарденс. Имаше извештаи за избодени луѓе. Во овој момент знаеме дека осомничениот продолжил да напаѓа други припадници на јавноста и двајца полицајци – соопштија од полицијата.
Триесет и штестгодишниот напаѓач е уапсен, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека не веруваат дека напаѓачот имал помагачи, а истрагата за мотивите на нападот е во тек.
Во болница во Лондон почина 13-годишно момче кое беше меѓу петтемина повредени кои изутрината беа нападнати од маж со мачета во источниот дел на градот. Ова го соопшти полицијата која засега ја отфрли можноста да се работи за терористички чин.
Еден сведок изјави дека напаѓачот неколку пати и викал на полицијата: „Верувате ли во Господ?“.
Останатите четворица повредени од кои двајца полицајци, не се во животна опасност, а во болница останале само двајца.
Полицијата била повикана во североисточниот дел на Лондон околу 7 часот, каде граѓаните пријавиле напад и набрзо уапсила 36-годишен маж со мачета, кој очигледно дејствувал сам.
Британскиот премиерот Риши Сунак го осуди нападот.