фото: ЕПА

Јужнокорејскиот суд денеска го отфрли барањето на обвинителството за продолжување на притворот на сменетиот претседател Јун Сук-Јеол поради кривичната истрага за обидот на 3 декември да воведе воена состојба во земјата, пренесе Јонхап.

Британските медиуми пренесоа дека Канцеларијата за истраги на корупција на високи функционери (ЦИО) вчера побара од обвинителството да го обвини Јун за бунт и злоупотреба на службената положба.

Јун, сменет и суспендиран од власт на 14 декември, од минатата недела се наоѓа во притвор  во очекување на истрага за неговиот обид да воведе воена состојба.

ЦИО соопшти дека притворот на Јун треба да заврши на 28 јануари и тие очекуваат обвинителите да побараат од судот да го продолжи за уште 10 дена пред официјално да го обвинат претседателот.

Меѓутоа, Централниот окружен суд во Сеул го одби барањето на обвинителството.