Фото: Принтскрин

Повеќе од 300 луѓе загинаа во Сирија и Турција во силниот земјотрес во близина на турскиот град Газијантеп рано утринава. Сириското Министерство за здравство ја потврди смртта на најмалку 237 лица во областите под контрола на претседателот Башар ал Асад. Бројот на повредени достигна 639. Се очекува бројот на загинати да продолжи да се зголемува.

Има најмалку 20 загинати во северозападната сириска провинција Идлиб, контролирана од бунтовниците.Многу од зградите во областите кои беа погодени од земјотресот претрпеа оштетувања за време на конфликтот што избувна пред речиси 12 години во Сирија.

Возовите во северниот дел на земјата се превентивно запрени. Во Турција според последните податоци на властите загинале најмалку 76 лица, а повредени се 440 лица.

Силниот земјотрес, кој според американскиот геолошки институт бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, се случил денеска во 4.17 часот по локално време во близина на јужниот турски град Газијантеп, во близина на границата со Сирија, на длабочина од околу 18 километри, јави ДПА. Десетина минути подоцна следеше силен последователен потрес со јачина од 6,7 степени на длабочина од 9 километри. Регистрирани се најмалку 20 последователни земјотреси.