Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека му кажал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека е време Шведска да стане членка на Алијансата, пренесе Бета.
На маргините на климатскиот самит COP28 во Дубаи Столтенберг го повикал Ердоган да ја одобри кандидатурата на Шведска за влез во НАТО.
-Утрово се сретнав со претседателот Ердоган и ја повторив мојат порака дека е време да се финализира процесот на пристапување на Шведска- рече тој.
Столтенберг не кажа кога очекува да заврши процесот на ратификација.
-Не можам да кажам точен датум, но го поздравувам фактот што претседателот Ердоган пред само неколку недели ги достави документите на ратификација до турскиот Парламент- рече генералниот секретар на НАТО.
Турција и Унгарија се единствените земји од НАТО кои се уште официјално не ја одобриле кандидатурата за прием на Шведска во Алијансата.