Фото: принтскрин

„Ова е снежна апокалипса“, објави денеска руската државна телевизија со снимки од рекордни снежни врнежи од над 30 сантиметри на улиците на Москва, кои го нарушија патниот сообраќај и откажани летови од тамошните аеродроми.

Ваквите снежни врнежи се типични за февруари, а сега се случуваат во декември, соопшти метеоролошкиот центар Фобос.

Никогаш во историјата на метеоролошкиот мониторинг не биле забележани толку високи снежни наноси на улиците на Москва на 18 декември.

Околу 119.000 луѓе и повеќе од 12.500 возила го чистат снегот, соопштија градските власти.

– Ова е снежна апокалипса: Москва ја погоди таква снежна бура што е невозможно да се пешачи или да се вози – јавува јавната телевизија „Первиј Канал“.