Фото : Фејсбук

Вистинската демократија во Хонгконг започна по неговото враќање на Кина, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на церемонијата по повод 25-годишнината од враќањето на градот од Велика Британија на Кина.

– По враќањето во татковината, жителите на Хонгконг станаа господари на сопствениот град. Вистинската демократија во Хонгконг започна во тој момент – истакна Си.

Тој додаде оти нема никаква причина за промена на принципот „една држава, два система“, според што Хонгконг има автономија.

Моделот е „многу добар систем, нема никаква причина да го промениме и треба да се зачува на долгорочен план“, смета Си и подвлече дека сè што направил Пекинг, „беше за доброто на Хонгконг“.

Си учествуваше и на церемонијата на инаугурација на новиот шеф на Владата во Хонгконг, Џон Ли.