„Купете свеќи“- Швајцарија, една од најбогатите земји во Европа се подготвува за недостиг на струја
Граѓаните на Швајцарија треба да размислуваат да имаат свеќи во куќата во случај на неколкучасовен прекин на струја, вели шефот на енергетскиот регулатор Вернер Лугинбил за весникот „Ноје цирхер цајтунг“.
Во Швајцарија уште од есента се подготвуваат за хаос во врска со струјата, па на граѓаните им велат дека во зима мора да очекуваат, во најлош случај, прекин на струјата, пренесува медиумот.
– Ве советувам да имате доволно свеќи во куќата. Кој има шпорет на дрва, треба да има доволно дрва – изјавил Лугинбил.
Тој посочил дека политиката на предупредување на „Елком“ не се сфаќала сериозно во изминатите години.
Доколку има недостиг од струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, исклучување на осветлувањето на излозите, како и осветлени реклами.
Се размислува и за воведување на забрана за употреба на уреди за правење снег, како и за продажба на електрични греалки, според тамошните медиуми.