Евгениј Пригожин во Бахмут/Фото: Принтскрин

Евгениј Пригожин го предупреди рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу дека Киев планира офанзива за отсекување на силите на Вагнер групата од главното тело на московските трупи. Шефот на платеничката група Вагнер на вчерашната прес-конференција тврдеше дека „се планира напад од големи размери кон крајот на овој месец или почетокот на април“ – пренесе „Ројтерс“.

Преземајќи го необичниот чекор за објавување на својата преписка со Сергеј Шојгу, Пригожин рече: „Ве молам да ги преземете сите неопходни мерки за да спречите отсекување на приватната воена компанија „Вагнер“ од главните сили на руската армија, што ќе доведе до негативни последици за специјалната воена операција“.

Тој додаде дека ќе го објави сопствениот план за соочување со Украина, но не откри како дознал за наводната претстојна офанзива.