Италијанскиот претседател Серџо Матарела синоќа беше реизбран за неговиот втор претседателски мандат по „маратонски“ осмиот круг на гласање, меѓу повеќе од 1.000 пратеници и регионални делегати во Претставничкиот дом, во клучен момент од закрепнувањето на економијата од пандемијата.
Во Квиринале, претседателската палата во Рим, сенаторот извикал „Habemus papam“ („Имаме папа“), додека партиите се договориле за името на Матарела стравувајќи од институционална и политичка криза доколку не се најде неговиот наследник.
Претседателот Матарела (80) претходно изјавил дека не планира да остане на функцијата, но во текот на денот им кажа на претседателите на партиските групи дека е подготвен да се стави „на располагање“.
– Честитки, драг Серџо, за вашиот реизбор. Знам дека можам да сметам на вашата посветеност да го живеме пријателството на нашите земји и уникатната, силна и просперитетна Европа што моментално ја градиме – напиша францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер.
„Одлична вест за Италијанците“ – напиша премиерот на Италија Марио Драги.
Матарела ја доби плебисцитарната поддршка од 759 од 1.009 сенатори, пратеници и провинциски водачи кои гласаа. Пратениците во полукружната сала на Долниот дом каде се пребројувале гласовите долго време аплаудираа по објавувањето на резултатите.