Transporten voen avion
Фото: ЕПА

Министерството за одбрана на Русија извести дека воен транспортен авион „ИЛ-76“ се урнал при полетување во регионот на „Иваново“.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како авионот „ИЛ-76“ се спушта кон земјата со еден од моторите во пламен. На друга снимка се гледа облак црн чад што се издига од местото на несреќата.

Во леталото имало осум членови на екипажот и седум патници, а причина за несреќата е пожар во еден од моторите – пренесe „РИА новости“.

– Авионот требаше да изврши редовен лет –  соопшти Министерството за одбрана на Русија.

На аеродромот „Иваново“ отиде и комисијата на главната команда на руските воздушни сили.

Инаку, на крајот на јануари, во регионот на Белгород се урна уште еден воен транспортен авион „ИЛ-76“ со 74 лица, од кои 65 беа украински војници наменети за размена на затвореници. Немаше преживеани.