Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени кога туристички автобус се преврте во Аксарај, Турција.
Туристичкиот автобус, од засега непозната причина, се превртел на локацијата Аџипинар на автопатот Аксарај – Анкара. На местото на несреќата се испратени бројни возила за итна помош, полиција и пожарникари.
Гувернерот на Аксарај, Мехмет Али Кумбузоглу, изјави дека туристичкиот автобус патувал од Баликесир кон Кападокија.
-За жал, во оваа сообраќајна несреќа животот го загубија шест наши граѓани. Според првите информации, имаме 25 повредени лица. Покрената е истрага – додаде Кумбузоглу.