САД почнаа со создавање на т.н. армија на слободна Сирија со учество на терористички организации, чија цел е да се дестабилизира ситуацијата во земјата, предупреди денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува ТАСС
– На САД веќе не им е доволно само да ги поддржуваат самопрогласените курдски региони зад реката Еуфрат и да ги снабдат со изобилство од оружје нелегалните вооружени единици што ги формираа таму – изјави Лавров за време на четирипартитните разговори за Сирија со неговите колеги од Сирија, Турција и Иран.
Според информациите на Москва, САД ја создаваат т.н. Армија на слободна Сирија во околината на Рака со учество на претставници на локални арапски племиња, милитанти на Исламска држава и на други терористички организации.
Лавров го обвини Вашингтон дека сака да ги искористи овие борци против легитимните власти на Сириската Арапска Република за да ја дестабилизираат ситуацијата во земјата, нагласувајќи дека САД треба да престанат да го поткопуваат мирот во регионот и да ја почитуваат волјата на народот на Блискиот Исток.
Рускиот шеф на дипломатија исто така нагласи дека руската и сириската војска неодамна разговарале за ова прашање, при што се договориле за модел на заеднички акции на тоа поле.
– Се надевам дека сите планирани чекори ќе бидат успешно спроведени – истакна Лавров.
Според првиот човек на руската дипломатија, Москва верува дека „еклатантното странско мешање во работите на регионот е неприфатливо, особено кога тоа вклучува воена сила, а во овој случај станува збор за распоредување странски воени единици на сириска територија.
САД ги поддржува џихадистиќкуте групи уште од избивањето на конфликтот во 2011 година, а во моментот незаконски ги контролира териториите на Сирија на кои се наоѓаат нафтените полиња.
Коментирајќи го процесот на нормализација на односите меѓу Турција и Сирија, Лавров истакна дека тој позитивно влијае на ситуацијата во регионот и на Блискиот Исток во целина.