Фото: принтскрин

Во претстојната учебна година, која започнува во септември, руските средношколци ќе можат да посетуваат обука за контрола на борбени авиони без екипаж, објави во денес руското Министерство за образование во својата програма.

Руските тинејџери ќе можат да се запознаат со „начините на воена употреба на беспилотни летала“, но и со начинот на „вршење на извидувачки мисии со помош на беспилотни летала – пренесе „Хина“, повикувајќи се на „АФП“.

Студентите ќе добијат можност да „реализираат конкретни акции на пилотирање на дронови“ и ќе можат да научат како да се бранат од „противнички дронови“.

Учениците од возрасната група од 15 до 17 години ќе можат да присуствуваат на „почетна воена обука“.

Оваа воена обука постоела за време на советската ера, а потоа била укината.

Програмата обезбедува најмалку 140 часа настава за ракување со огнено оружје, како што се пушките „Калашников“.