Украина денеска ја информира својата јавност дека Русија извршила нови ракетни напади, па сирените се огласија во многу делови од земјата.
Узбуна се слушна во Киев и поголемиот дел од Украина.
– Ракетите се лансирани – изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Јуриј Ихнат, додека шефот на кабинет на претседателската канцеларија, Андриј Јермак, ги предупредија луѓето да „не го игнорираат знакот за узбуна“.
Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Во последните недели на удар на руските сили особено беше украинската енергетска инфраструктура, а жителите често остануваа без струја и греење.