Лажни биле пријавите за бомби во кавадаречки училишта, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

– Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Кавадарци, дека на електронските адреси на училиштата, била испратена закана за поставена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки, утврдено е дека станува збор за лажни пријави – нагласи Самарџиев.