Украинскиот претседател Володимир Зеленски се врати од посетата на Турција и со себе донесе пет поранешни команданти на Азов од Мариупол, и покрај договорот од минатата година дека тие требало да останат во Турција.
Русија веднаш го осуди нивното ослободување. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Турција го прекршила договорот затоа што не ја информирала Москва – пренесува „Ројтерс“.
– Никој не не извести за ова. Според договорот, тие водачи требаше да останат на територијата на Турција до крајот на конфликтот – изјави Песков за агенцијата „РИА“.
Тој додаде дека нивното ослободување е последица на притисокот на НАТО врз Турција пред самитот на Алијансата следната недела, каде Украина се надева дека ќе добие позитивен сигнал за нејзиното идно членство.