Lukas

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков ја оцени како крајно ризична деструктивната политика на НАТО, која ги игнорира „црвените линии“ обележани од Москва.

Во интервју за рускиот весник „Известија“ тој рече дека тоа води до натамошна ескалација што може да доведе до воен конфликт меѓу нуклеарните сили со сериозни последици.

Сергеј Рјабков укажа на ризиците од употребата на нуклеарно оружје и изјави дека земјите со нуклеарен арсенал мора да се придржуваат до постулатот за недозволивост на меѓусебна војна.

Русија како моќна и независна сила на светската сцена ќе води само оние политики кои одговараат на нејзините фундаментални интереси, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето по повод Денот на националното знаме.

Тој посочи дека желбата да се живее по сопствена волја, не дозволувајќи надворешни диктати е дел од генетскиот код на Русите.

– Русија е моќна, независна светска сила. Ние сме цврсти во фактот дека ги водиме само оние политики на меѓународната сцена кои одговараат на темелните интереси на татковината – рече Путин.


Зеленски: Ако на украинските војници им се суди во Мариупол, нема да има преговори

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека доколку има судење на украинските војници кои беа заробени од руските сили во Мариупол, какви било преговори со Русија ќе станат невозможни.

– Русија ќе се исклучи од преговорите во случајот на судењето на украинските војници во Мариупол – рече Зеленски во видеообраќање, пренесува „Интерфакс Украина“.

Зеленски изјави дека Украина нема да толерира „малтретман на луѓе за кои може да се каже само дека се херои на својата татковина и бранители на слободата на нивниот народ од напаѓачите“.