Руското Министерство за одбрана формираше координативен совет за безбедност во пограничните области, предводен од министерот за одбрана, Андреј Белоусов – пренесе „ТАСС“.
– Со моја наредба, во Министерството за одбрана на Руската Федерација формиран е координативен совет за воена безбедност на пограничните области – Белгородска, Брјанска и Курска област. Целта е да се зголеми ефикасноста на поддршката на воените единици кои ги бранат државната граница, територијата и населението на овие региони – изјави Белоусов.
Тој нагласи дека очекува точни и брзи извештаи од пограничните територии. Во составот на координативниот совет влегуваат заменик-министри за одбрана, претставници на Генералштабот, како и раководителите на Белгородска, Брјанска и Курска област. Советот ќе се состанува најмалку еднаш неделно.
Во меѓувреме, министерството соопшти дека Генералштабот и командата на Воената група „Север“ го задржуваат оперативното управување со војниците во граничната зона, а формираниот координативен совет не ги заменува.