Фото: Твитер

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за разрешување на еден од неговите најблиски соработници Дмитриј Рогозин од функцијата директор на руската државна вселенска агенција Роскосмос и на негово место го постави поранешниот вицепремиер Јуриј Борисов.

– Разрешете го Рогозин Дмитриј Олегович од позицијата генерален директор на вселенската корпорација Роскосмос. Одредбата влегува во сила од денот на нејзиното потпишување – стои во една од двете уредби. Со другата Борисов беше назначен за нов директор на Роскосмос.

Рогозин на чело на Роскосмос беше од 24 мај 2018 година, а пред тоа ја извршуваше функцијата вицепремиер на Русија за воено-индустрискиот комплекс. Оваа позиција ја зазеде Борисов по назначувањето на Рогозин за шеф на Роскосмос.

Јуриј Борисов пред да биде именуван на функцијата вицепремиер беше заменик министер за одбрана од 2012 година.