Фото: Руски претседател/Твитер

Рускиот претседател Владимир Путин го одобри воениот буџет за периодот 2025-2027 година, покажува документот објавен на официјалната веб-страница на правни акти. 

Државниот буџет за следната година вклучува зголемување на воените трошоци за 25 отсто, но тој ќе биде најтаинствен во постсоветската историја, со речиси една третина од вкупните трошоци затворени за јавноста, пренесе „Ројтерс“.

Владата призна дека потребите на, како што ја нарекува Москва, нејзината специјална воена операција во Украина и поддршката за војската, ќе останат буџетски приоритет заедно со социјалните потреби и технолошкиот развој.

Владата го претстави предлог-буџетот како „урамнотежен“, при што дефицитот падна на 0,5 отсто во однос на овогодинешниот проектиран дефицит од 1,7 отсто, а државниот долг остана под лимитот од 20 отсто за следните три години.