Рускиот претседател Владимир Путин го достави до Државната Дума на ратификација договорот за безбедносни гаранции со Белорусија во рамките на Сојузната држава.
Со законот се предвидува Москва и Минск да преземат мерки како одговор на агресија користејќи ги сите сили и средства со кои располагаат.
– Со нацрт-федералниот закон се предлага ратификација на Договорот меѓу Руската Федерација и Република Белорусија за безбедносни гаранции во рамките на Сојузната држава Русија и Белорусија, потпишан во Минск на 6 декември 2024 година – се наведува во образложението.