Илустрација / Фото: Пекселс

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе го прекине огнот и ќе почне „веднаш“ мировни преговори доколку Украина ги повлече трупите од четири региони и се откаже од кандидатурата за членство во НАТО.

– Штом Киев ќе каже дека е подготвен да го стори тоа и ќе започне навистина да ги повлекува војниците и официјално се откаже од плановите за влез во НАТО, ние веднаш, буквално во истиот момент, ќе го прекинеме огнот и ќе почнеме разговори“, рече Путин на состанокот со руските дипломати во Москва.

Украина нема да ги прифати условите за почеток на преговорите за прекин на војната, што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак.

Тој го отфрли предлогот на Путин, велејќи дека тоа не е сериозен обид за постигнување мировен договор и дека не е релевантен за какви било преговори.

Подољак додаде дека „нема можност да се најде компромис“ меѓу изјавите на Путин и условите за крај на војната што ги претстави Украина.