Претседателот на САД Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп беа евакуирани од годишната вечера на Здружение на дописници од Белата куќа, откако вооружен маж отвори оган кон обезбедувањето, пренесе Ројтерс.
Инцидентот се случил во хотелот Хилтон, каде што се одржувал настанот со околу 2.600 присутни. Напаѓачот, вооружен со сачмарка, пукал кон агентите на Тајната служба, при што бил повреден еден полицаец, а напаѓачот бил уапсен. – Напаѓачот беше совладан од храбрите членови на Тајната служба – изјави Трамп по инцидентот.
По истрелите, присутните почнале да бегаат, додека агентите ги легнале на под високите функционери, меѓу кои и Марко Рубио, Роберт Ф. Кенеди и Даг Бургум. Се претпоставува дека напаѓачот дејствувал самостојно.
Годишната вечера на дописниците од Белата куќа е традиционален настан на кој присуствуваат претставници од медиумите, политичари и високи функционери на администрацијата.
Ова не е прв безбедносен инцидент поврзан со Трамп. Во јули 2024 година, на митинг во Батлер, тој беше ранет во увото при обид за атентат, додека неколку месеци подоцна беше спречен уште еден обид во Вест Палм Бич. Историски, сличен напад се случи и во 1981 година, кога Роналд Реган беше ранет пред истиот хотел.
































