Фото: Принтскрин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека вооружениот инцидент за време на вечерата со дописниците од Белата куќа нема да го одврати од, како што рече, „војната во Иран“, пренесе „Си-би-ес њус“

По евакуацијата од салата, Трамп на прес-конференција истакна дека засега нема информации што го поврзуваат нападот со конфликтот на Блискиот Исток, но додаде дека истрагата сè уште е во тек. Тој посочи дека напаѓачот најверојатно дејствувал самостојно и го опиша како „осамен волк“.

Според американските медиуми, осомничениот е идентификуван како 31-годишниот Кол Томас Ален од предградие на Лос Анџелес. По инцидентот тој бил приведен и пренесен во болница под полициски надзор.

Главниот обвинител Тод Бланш најави дека формалните обвиненија ќе бидат поднесени наскоро.

Во инцидентот бил повреден агент кој го запрел напаѓачот, откако куршум го погодил во заштитниот панцир. Според првичните информации, неговата состојба е стабилна.