Портпаролката на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој издржува 30-годишна затворска казна, соопшти дека е пронајдено каде се наоѓа Навални.
– Го најдовме Навални. Тој се наоѓа во казнената колонија 3, во населбата Карп, на север од Урал, во автономниот регион Јамал-Ненец. Денеска го посети неговиот адвокат. Алексеј се чувствува добро – напиша на платформата Х („Твитер“) портпаролката Кира Џармуш .
Пред две недели,соработниците на Навални објавија дека се загрижени бидејќи долго време не го виделе и не го слушнале, а во затворот во Владимирската област, каде што Алексеј ја издржуваше казната, тој повеќе не беше на списокот на затвореници.