Претседателот на Полска, Анджеј Дуда денеска повторно ги помилува, овој пат согласно законите, двајцата правосилно осудени поранешни функционери од претходната власт, поранешниот министер за внатрешни работи Мариуш Камињски и неговиот заменик Мачеј Воншик, кои шефот на државата и неговата опозициска партија Право и Правда ги нарекуваат политички затвореници на владата на премиерот Доналд Туск.
Камињски и Воншик беа неправосилно осудени во 2015 година како поранешни шефови на Централното биро за борба против корупцијата за злоупотреба на службената положба, фалсификување документи и прислушување без судско одобрение во обид да го вовлечат Анджеј Лепер, помал коалициски партнер во тогашната влада на Партијата Право и Правда, во корупциската афера.
Дуда потоа ги помилува, но Врховниот суд на Полска минатата година пресуди дека тој нема право на тоа до правосилноста на пресудата и побара судењето да се повтори па на крајот на декември тие беа осудени на две години во затвор, а на 9 јануари беа уапсени во Претседателската палата каде ги засолни токму Дуда.
– Не можев да се помирам со тоа, мислам дека Полска ја уништува тоа што луѓе кои се бореле против корупцијата се осудени. Судовите имаа поинакво мислење и се води правен спор. Тие се во затвор, почнаа штрајк со глад, ситуацијата е тензична. Имајќи ја предвид вознемиреноста во општеството поради начинот на кој се однесуваа кон нив, решив повторно да ги помилувам – изјави денеска полскиот претседател.
Министерот за правда и главен обвинител Адам Боднар денеска му препорача на претседателот Дуда да не ги помилува, иако тоа мислење е само од процедурална природа и не го обврзува претседателот.
Дуда и денеска зборуваше за Камињски и Воншик како жртви на новата влада на премиерот Доналд Туск и кристално јасни и чесни борци против корупцијата, а самиот лидер на Право и правда Јарослав Качињски призна дека ги прекршиле прописите, но тоа го нарече тривијално недостатоци, додека Полјаците во анкети бараат и двајцата да ја отслужат казната како секој обичен осуден граѓанин.
Во истражувањето на SW Research, 57 отсто од Полјаците се изјасниле дека се против помилувањето, додека 18 отсто веруваат дека го заслужуваат помилувањето.
Анджеј Дуда денеска апелираше до министерот Боднар максимално да ја забрза постапката и пред се Камињски, кому му е влошена здравствената состојба бидејќи 14 дена штрајкува со глад и има дијабетес, веднаш да излезе од затвор.
Експертите предупредуваат дека и да се забрза се, тие можат да бидат пуштени утре претпладне.