Фото: Принт-скрин

Украина соопшти дека нејзината државна делегација предводена од министерот за одбрана Алексеј Резников пристигнала на границата со Белорусија за преговорите со руските државни претставници, насочени кон ставање крај на воениот конфликт помеѓу двете држави.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно изрази скептицизам во поглед на преговорите што ќе се одржат во близина на реката Припјат, сомневајќи се дека ќе донесат резултати, но изрази подготвеност за нив, ако постои каква било шанса за мир.

Постигнувањето примирје и повлекувањето на руските трупи од територијата на Украина, претставуваат клучни прашањеа за украинската делегација, како што соопшти кабинетот на Зеленски.

Светските медиуми известуваа дека Русија ќе инсистира на неутралниот статус на Украина, признавањето на независноста на Донбас и Луганск, како и на разоружување на Украина, што се смета за неприфатливо за другата страна.

Преговорите би требале да се одвиваат во неколку фази, според познавачите на состојбите.