Фото: принтсктин

Расте бројот на загинати по земјотресот кој утринава со јачина од 5,6 степени според Рихтер ја погоди Индонезија. Според последните податоци на индонезиските власти, 162 лица го загубиле животот, а 326 се повредени, пренесува Ројтерс.

Потрагата по преживеани продолжува, а локалните власти наведуваат дека се урнале голем број згради, поради што се стравува дека бројот на жртвите е поголем.

Епицентарот на земјотресот е регистриран во Цианџур, во планинска област во Западна Јава, 75 километри југоисточно од главниот град на Индонезија, Џакарта.

Повеќе од 2.200 куќи се оштетени, а локалните власти соопштиле дека повеќе од 13.000 луѓе се преместени во центрите за евакуација, кои не можат да се вратат во своите домови.