Фото: Принтскрин

Филипините и САД ги започнаа досега најголемите заеднички воени вежби.

Околу 18.000 војници ќе учествуваат на вежбите на Филипините, во текот на кои војската за прв пат ќе употреби боева муниција во Јужното Кинеско Море.

За време на маневрите, воени хеликоптери ќе слетаат на филипинскиот остров на околу 300 километри од Тајван.

Годишните маневри „Баликатан“, што на филипински значи „рамо до рамо“, започнаа по тридневната воена вежба на Пекинг.

САД за време на вежбите ќе ги користат своите ракети „Патриот“. Предвидено е вежбите да траат две недели.