Фото: Илустрација/ Пиксабеј

Земјите од Г7, како и Австралија, постигнаа консензус во преговорите за одредување на горната цена на руската нафта, која може да се купи без страв од санкции. Одлуката ќе стапи на сила на 5 февруари 2023 година, се вели во заедничкото соопштение на американското Министерство за финансии.

– Ја потврдуваме нашата одлука дека плафонот за цените на руските нафтени деривати ќе стапи на сила на 5 февруари 2023 година. Ќе ги објавиме максималните цени за руските нафтени деривати одделно – се вели во соопштението на коалицијата.
Министерството за финансии на САД забележува дека таквиот плафон ќе ги заштити потрошувачите на нафта од Руската Федерација од прекини во снабдувањето. Се појаснува дека станува збор за испораки на нафта извршени по морски пат.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Русија нема да испорачува енергенси на земјите што ќе ги ограничат нивните цени.