Пентагон вчера соопшти дека нема индиции дека Русија користела ласерско оружје во Украина, по тврдењата од Москва дека таму почнала да користи нова генерација на моќни ласери за уништување на непријателски беспилотни летала.
-Немаме индикации за употребата на ласери, а не, пак, за ласерско оружје во Украина. Нема потврда за тоа-рече портпаролот на Пентагон Џон Кирби на брифинг.
Рускиот вицепремиер задолжен за воен развој, Јуриј Борисов, на почетокот на неделава изјави дека Москва развила нова генерација ласерско оружје што ги палела нејзините цели, прототип наречен „Задира“ што се користи во Украина.
Во јавноста речиси ништо не се знае за „Задира“, но во 2017 година руските медиуми објавија дека државната компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ помогнала во развојот на овој тип оружје.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на потсмев ги спореди извештаите за руските ласери во Украина со таканареченото чудесно оружје што нацистичка Германија го претстави во обид да го спречи поразот во Втората светска војна.
-Сведоци сме дека во третиот месец од целосната војна, Русија се обидува да го пронајде своето „чудесно од оружје“. Ова јасно го покажува целосниот неуспех на нивната мисија-рече Зеленски во средата.