Руската паравоена група „Вагнер“ објави ново видео на кое се прикажани борбите за заземање на железничката станица во Бахмут, Украина.
Во видеото, борците на „Вагнер“ пукаат со гранати низ дупка во ѕидот на напуштена зграда во близина на железничка станица.
Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар изјави доцна во понеделникот дека руските офанзиви во источниот дел на земјата продолжуваат, нагласувајќи дека Бахмут и градот Маринка остануваат „во епицентарот на непријателствата“.
Руските сили со месеци се обидуваат да го заземат Бахмут, транспортен и логистички центар во украинската област Доњецк, која е дел од индустријализираниот регион Донбас – пишува Анадолија.
Водачот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, на крајот на март изјави дека битката за градот „речиси ја уништила украинската армија“.
Во меѓувреме, украинскиот Генералштаб објави дека нападите на руските сили во правец на Бахмут продолжиле со „делумен успех“.