Фото: Принт-скрин

Обединетите нации соопштија дека се загрижени поради тоа што од 26 јуни наваму, не се регистрирани нови испловувања на бродови, според договорот што овозможува безбеден извоз на украинското жито преку Црното Море.

– Ги повикуваме сите страни да се заложат за продолжување и ефективно спроведување на договорот без понатамошно одлагање – изјави за новинарите портпаролот на ОН Фархан Хак.