Воените напади на Хамас против Израел предизвикаа глобална осуда. Од друга страна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не направи забележителни напори да ги унапреди меѓународните мировни напори што доаѓаа од САД, односно изостана конкретна поддршка на историскиот договор на претседателот Бил Клинтон во Осло од 1993 година меѓу Израел и Ослободителната организација на Палестина.
Поткрепа на оваа теза гласно даде поранешниот висок советник на починатиот израелски премиер Шимон Перес, Нимрод Новик.
– Ужасниот настан што тукушто го доживеавме – и продолжената масовна израелска контраофанзива што треба да следува – не може целосно да се разбере изолирано од она што јас го сметам за двослоен стратегиски неуспех на Нетанјаху – истакна Нимрод Новик за „Форин полиси“.
И израелскиот премиер се соочува со сериозни критики за политиките на игнорирање на барањата на Палестинците низ годините.
Новик наведува дека, прво, Нетанјаху и неговата сегашна ултранационалистичка коалиција – „најекстремната досега“, според зборовите на Новик – ги минимизирале или игнорирале предупредувањата од арапските потписници на Абрахамскиот договор за решавање на палестинските поплаки.
Второ, според Новик, Нетанјаху со децении го следеше она што Новик го нарекува „илузија“, дека и покрај неговата екстремна политика – која ја претвори Газа во она што „Хјуман рајтс воч“ го нарекува „најголем затвор на отворено во светот“ – Хамас ќе се воздржи од напад на Израел.
Поранешниот висок советник на починатиот израелски премиер Шимон Перес, Нимрод Новик, тврди дека „откако Нетанјаху победи на реизборот во 2009 година, тој почна да ги поткопува сите напори на САД! Претседателот на САД, Барак Обама, се залагаше за мир додека Израел продолжи да гради илегални населби на Западниот Брег. Тие населби всушност значат дека Палестинците ќе добиваат сѐ помалку територија“.
– Токму третата влада на Нетанјаху е виновна што го зајакна Хамас – тврди поранешниот висок советник на починатиот израелски премиер Шимон Перес, Нимрод Новик.