Најмалку 13 лица се повредени во масовно пукање во Чикаго за време на прославата на Ноќта на вештерките, објавуваат американските медиуми.
Од полицијата на прес-конференцијата потврдија дека имало масовно пукање, а меѓу повредените има и три деца, на возраст од најмалку три години. Останатите повредени, според полицијата, се полнолетни.
Началникот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун, рече дека камерите снимиле автомобил и дека се верува оти двајца вооружени напаѓачи отвориле оган врз толпата која стоела на раскрсницата на бдеење, пренесува американскиот медиум.
Нападот траел само неколку секунди, а пукачите по случаен избор пукале во толпата, рече Браун, додавајќи дека засега никој не е уапсен, а мотивот за нападот се уште е нејасен.
Повредените се пренесени во неколку болници, засега нема информации за смртен исход. Браун рече дека неколку од ранетите се во критична состојба.