Фото: Принтскрин / Фејсбук / Бенjамин Нетанјаху

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху денеска вети дека ќе ја продолжи израелската војна против Хамас и покрај претрпените „болни загуби“ во копнените борби во Појасот Газа.

– Имаме толку многу важни достигнувања, но и болни загуби. Ние сме во тешка војна. Тоа ќе биде долга војна – рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.

Тоа уследи откако армијата потврди дека најмалку 12 војници загинале во вчерашните копнени борби.

– Знаеме дека секој наш војник е цел свет. Целиот народ на Израел ве прегрнува вас, семејствата на загинатите, од дното на нашите срца. Сите сме со вас во вашето време на голема тага – рече Нетанјаху, изразувајќи сочуство до блиските на загинатите војници.

Нетанјаху порача дека изралеските војници се вовлечени во неправедна војна.

– Нашите војници се вовлечени во неправедна војна, војна за нашиот дом. Ви ветувам граѓани на Израел: ќе ја завршиме работата. Ќе продолжиме до победа – истакна Нетанјаху.