Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел сам ќе донесе свои одлуки.
– Сите имаат различни предлози и совети. Јас го ценам тоа. Но, сакам да биде јасно – ние самите ќе ги донесеме нашите одлуки и израелската држава ќе направи сѐ што е потребно за да се одбрани, рече Нетанјаху по средбата со шефовите на дипломатиите на Велика Британија и Германија, Дејвид Камерон и Аналена Бербок – пренесе „Гардијан“.
Претходно денеска британскиот министер за надворешни работи Камерон изјави дека средбата е дојден за да ја изрази солидарноста со Израел, но се надева дека неговиот одговор на нападот врз Иран ќе биде „паметен и ограничен колку што е можно повеќе“, пренесе Би-би-си.
Шефицата на германската дипломатија, пак, по средбата, како и Камерон, предупреди дека на Блискиот Исток не треба да се случи ескалација на конфликтот.
– Тоа не би помогнало никому, ниту на безбедноста на Израел, ниту на десетиците заложници кои сè уште се во рацете на Хамас, ниту на многу луѓе во Иран кои страдаат под овој режим, ниту на други земји во регионот кои едноставно сакаат да живеат во мир – рече Бербок.