Директорот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека не може да се утврди кој ја гранатирал украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под контрола на Русија од март.
– Не можам да го утврдам тоа. Немаме средства да го направиме тоа. Како што знаете, би морало да се надгледува воената операција во регионот…која не само што е надвор од мандатот на МААЕ, туку ќе бара и огромен потенцијал“, изјави Гроси за Си-Ен-Ен.
Тој оцени дека состојбата во нуклеарната електрана се уште е многу загрижувачка и предупреди дека „си играме со оган“.
После тоа, Гроси на седницата на Советот за безбедност на ОН соопшти дека во нападите била оштетена нуклеарната централа Запорожје.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето во околината на нуклеарката.