Најмалку 28 луѓе загинаа во рударска несреќа во северната турска провинција Бартин, додека десетици остануваат заробени длабоко под површината. Околу 110 луѓе имало во рудникот во моментот на експлозијата, од кои речиси половина на длабочина од 300 метри.
Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека се спасени 11 рудари. Итните служби цела ноќ копале за да стигнат до уште преживеани.
-Се верува дека експлозијата се случила на длабочина од 300 метри, додека 49 рудари работеле во оваа ризична зона. Има луѓе кои не успеавме да ги евакуираме од таа област – изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Точната причина за експлозијата не е позната, но властите кажаа дека првичните информации велат дека станува збор за мешавина на запаливи гасови.
-Делови од рудникот се урнаа, но нема активни пожари, а вентилацијата работи добро – додаде Сојлу.
Најтешката рударска несреќа во Турција се случи во 2014, кога загинаа 301 лице.