Фото: ЕПА

Петнаесет луѓе ги загубија животите, вклучувајќи го и напаѓачот, во денешната пукотница во зградата на Филозофскиот факултет на Универзитетот Карлов во центарот на Прага, изјави на прес-конференција директорот на чешката полиција Мартин Вондрашек. Уште 24 лица се ранети.

-На 21 декември во 12.20 часот полицијата добила информација дека 24-годишен маж требало да го напушти селото Хостоун кон Прага, велејќи дека сака да си го одземе животот. Пронајден е мртов маж во селото од кое заминал. Тој е татко на напаѓачот – рече началник на полицијата.

Полицијата се уште е во зградата на факултетот и утврдува дали има уште забарикадирани, ранети или убиени.

Според директорот на чешката полиција Вондрашек, „напаѓачот не бил инспириран од настани од странство“.

Полицијата објави дека напаѓачот е убиен.

Полицијата апелираше граѓаните да не се задржуваат во непосредна близина на местото на настанот и да не излегуваат од своите домови. Во соопштението се додава и дека полицијата е распоредена на плоштадот Јан Палах, како и во околната област. Филозофскиот факултет кој е дел од Карловиот Универзитет се наоѓа на околу 500 метри од Карловиот мост.

Полицијата била повикана околу 15 часот, а медиумите пренесуваат дека во тоа време во Универзитетот се одржувал божиќен концерт.