„Мета“, кој е сопственик на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, објави забрана за РТ и другите руски државни медиуми, наведувајќи ја наводната вмешаност на медиумите во операции за странско мешање.
– По внимателно разгледување, ги проширивме нашите тековни мерки против руските државни медиуми – рече портпаролот на „Мета“ во понеделникот.
„Россија Сегодња“, „РТ“ и други поврзани субјекти сега се глобално забранети од нашите апликации поради активности на странско мешање“.
Забраната на „Мета“, која ќе биде воведена на „Фејсбук“, Инстаграм“, „ВатсАп“ и „Трендс“ доаѓа неколку дена откако администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави санкции против „РT“ и другите медиуми под контрола на Москва.
Администрацијата на Бајден, исто така, најави започнување дипломатски напори за алармирање на меѓународната заедница за, како што ја опишаа американските претставници, улогата на „РТ“ како „полноправен член на разузнавачкиот апарат“.
– Нашиот најмоќен противотров за руските лаги е вистината – изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен за новинарите во петокот.
Американското Министерство за правда (ДП) претходно овој месец обвини двајца вработени во „РT“ за наводни шеми за тајно финансирање на десничарската медиумска компанија со седиште во Тенеси, чија цел е да поттикне политичка поделба.
„РТ“, која имаше 7,2 милиони следбеници на „Фејсбук“ пред објавувањето на забраната, не одговори веднаш на барањето за коментар, но претходно ги исмеваше акциите на САД против нив.