Претседателите на Франција и на САД, Емануел Макрон и Џозеф Бајден денеска во телефонски разговор се согласија дека е неопходно да се „провери“ руската најава за почеток на повлекување на руските сили околу границата со Украина. Потегот е оценет како „прв охрабрувачки сигнал“, соопшти Елисејската палата.
Во телефонскиот разговор кој траеше околу еден час, двајцата шефови на држави повикаа и да останат во целосна координација со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти француското претседателство.
Москва денеска соопшти дека дел од руските војници ќе се вратат во базите откако воената вежба на руската и белоруската армија влезе во завршна фаза.