Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика умерените партии од левицата и десницата да се прегрупираат со цел да ја поразат крајната десница на парламентарните избори.
Тој денеска ѝ се обрати на нацијата за првпат откако го распушти Парламентот и распиша предвремени парламентарни избори откако неговата партија претрпе тежок пораз на изборите за Европскиот парламент.
Посочи дека сака „мажите и жените со добра волја кои можеа да кажат „не“ на крајностите да се здружат за да можат да изградат заеднички проект“ за земјата.
Гласањето ќе се одвива во два круга на 30 јуни и 7 јули.