Брисел – Европската комисија вчера го одбележа 15-от „Европски ден“ на сеќавање на жртвите од тероризам, годишен настан за одбележување на бомбашките напади во Мадрид од 11 март 2004 година, во кои 193 граѓани на ЕУ ги изгубија животите, а беа повредени илјадници луѓе.

Њујорк – Советот за безбедност на ОН едногласно повика на промена на воениот удар во Мјанмар, остро осудувајќи го насилството врз мирните демонстранти и повикувајќи на „крајна воздржаност“ на армијата. Соопштението, кое го одобрија сите 15 члена на Советот, вклучувајќи го и соседот и сојузник на Мјанмар, Кина, беше официјално усвоено на многу краток виртуелен состанок завчера, изјави американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд, актуелна претседателка на Советот.

Мексико Сити – Долниот дом на Конгресот на Мексико гласаше за легализирање на марихуаната за рекреација, со што се отвори патот земјата распарчена од насилствата на наркокартелите да стане најголемиот регулиран пазар на канабис во светот. Законот е поддржан од партијата Морена на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор и нејзините сојузници. Мерката се очекува да помине во Сенатот и да ја потпише претседателот. Со тоа Мексико, кое има население од 126 милиони луѓе, ќе биде уште една од само неколкуте земји, вклучувајќи ги Уругвај и Канада, што го легализираа канабисот за рекреативна употреба.

Париз – Европската агенција за лекови ќе одлучи дали ќе ја одобри вакцината против ковид-19 со единечна доза. Вакцината произведена од „Јансен“, дел од „Џонсон и Џонсон“, веќе е одобрена од американскиот регулатор за лекови. Големо клиничко испитување, во кое учествуваа над 40.000 учесници, покажа дека оваа вакцина е 66 отсто ефикасна во спречување на умерено до тешко заболување и 85 отсто ефикасна во спречување тешка или критична болест. Претходно, ЕК соопшти дека разгледува одобрувања за итни случаи за вакцини против ковид-19 како побрза алтернатива на вакцините што се користеле досега.