Литванските компании неодамна го прекинаа снабдувањето со гас преку руските гасоводи без да чекаат одлука за забрана од Владата. Лани Русија директно испорача околу 26 отсто од потребите за гас на Литванија, која ги истражува опциите за проширување на терминалот за течен природен гас (ТПГ) во Балтичко Море, а сега ќе се потпира за увоз на ТПГ од САД и од Норвешка.