Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, сака да предизвика конфликт меѓу Русија и НАТО, оцени денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
– Ако Зеленски е толку вознемирен поради немешањето на НАТО во конфликтот, тоа значи дека тој смета токму на НАТО во решавање на ситуацијата – рече Лавров.
Шефот на руската дипломатија оцени дека милитаристичката жар на Зеленски зборува за тоа дека нему не му требаат преговори со Русија и додаде дека се надева дека тоа ќе се промени.
Според Лавров, украинската делегација постојано бара изговори за одложување на секоја следна рунда преговори со Русија.
– Руските преговарачи чекаат било каква информација од украинската страна, како и во текот на првите две рунди. Ситуацијата изгледа прилично чудна, како сите да се заинтересирани да се постигне договор што е можно поскоро за тоа се целосно да се регулира. Од друга страна, за тоа би требало да е најзаинтересирана украинската страна, која постојано бара изговори да го одложи почетокот на новата средба – рече Лавров, додавајќи дека Москва се уште не ги добила роковите за нова, трета рунда преговори со Киев.