Фото: Дмитро Кулеба/инстаграм

Украина ќе се приближи уште поблиску до членството во НАТО по претстојниот самит на алијансата во Вилнус, главниот град на Литванија, кон крајот на овој месец, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

– Веќе се договорени неколку важни одлуки за Украина и НАТО. Нашиот пат кон Алијансата дефинитивно ќе стане уште пократок по самитот – рече Кулеба, a пренесе „Анадолија“.

Тој додаде дека самитот на НАТО во Вилнус е уникатен момент за се да биде многу појасно.

– За НАТО губењето на оваа можност би значело давање подарок на рускиот претседател Владимир Путин во време кога треба да биде притиснат на сите фронтови – рече Кулеба.

Тој, исто така, истакна дека нивните напори за ова прашање ќе продолжат „до последната минута од усвојувањето на декларацијата на самитот на НАТО во Вилнус“.