САД ја претставуваат најголемата нуклеарна закана во светот и мора да ја преиспитаат својата безбедносна политика, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.
– САД се најголемиот извор на нуклеарна закана во светот. Тие треба внимателно да ја разгледаат својата нуклеарна политика, темелно да ја исполнат својата посебна и примарна должност за разоружување, а со тоа да ја намалат улогата на нуклеарното оружје во националната безбедносна политика и да преземат значителни практични чекори за ублажување на нуклеарните ризици – рече Мао на брифингот.
Мао нагласи дека шпекулациите за нуклеарната закана од Кина се изговор за САД да го прошират сопствениот нуклеарен арсенал – пренесе Новости.рс.