Фото: ЕПА

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и севернокорејски официјален претставник изразија целосна поддршка и доверба во врските меѓу нивните земји. Ова се случи на состанокот во Пекинг, кој се одржа додека другите земји ги осудија последователните ракетни тестови на Пјонгјанг.

– Во услови на комплицирана меѓународна ситуација, Кина и Северна Кореја секогаш меѓусебно се поддржуваа и си веруваа, што ја покажува стратешката важност на пријателската соработка меѓу двете земји – рече Ванг, соопшти кинеското Министерството за надворешни работи.