Фото: Нова Македонија

Веб-страницата на Парламентот на ЕУ е под кибер напад по гласањето со кое Русија е прогласена за држава „спонзор на тероризмот“, поради војната против Украина и уништувањето на цивилната инфраструктура на земјата.

Гласањето се одржа претходно денеска, при што Парламентот на ЕУ ги обвини руските сили за злосторства за време на војната против Украина.

Потегот на европските законодавци е симболичен политички чекор без правни последици.

Веб-страницата на Европскиот Парламент во моментов е „под напад однадвор“.

Тимовите на ЕП работат на решавање на овој проблем што е можно побрзо.